May 03, 2011

Документирана вистината за Eгејската Голгота!

Секоја траума, спомен и сеќавање што ги преживеале во текот на Граѓанската војна во Грција,Македонците од Егејот ќе може да ги раскажат и да останат засекогаш запишани како дел од историјата на македонскиот народ. Сведоците на голготата ќе може тоа да го сторат во Институтот за национална историја. Ако сакаат може да повикаат екипа да ги посети дома за да ги раскажат своите животни приказни.

Иницијатор за заштита и архивирање на културното наследство од Егејска Македонија е Сојузот на стопанските комори на Македонија. Тие му понудиле на Институтот за национална историја да ја реализира нивната идеја. Научниците од Институтот ја прифатиле идејата без резерва бидејќи сметаледека тоа треба да се направи, вели Тодор Чепреганов, директор на институцијата.

- Идејата е да се соберат сеќавања, артефакти, фотографии, сето она што го имаат луѓето кои ја искусиле судбината на егејската голгота, од 1941 до 1949 година. Проектот е многу значаен оти годините си одминуваат, генерациите по природен пат си заминуваат. За идните поколенија нема да остане ништо. Можеби по многу години некој ќе побара да види и да чуе човек што лично ја раскажува својата животна приказна. Сето тоа треба да биде документирано бидејќи е дел од македонската историја. На пример, претседателот на Иран денес кажува дека Холокаустот е измислица и дека воопшто не се случил - објаснува Чепреганов.


Извор: Egejska.com

ЕДНА ГОДИНА НОВА ЗОРА


Солун 04.05.2011

ЕДНА ГОДИНА НОВА ЗОРА

Една година НОВА ЗОРА. Една година, редовни издавања, 250.000 копии, илјадници посети во вебстраницата www.novazora.gr. Една година полна со оцрнување на целиот обид и на нашите лица, полна со закани, полна со обиди за исчезнување на весникот. Но, уште по полна со прифаќањето од страна на Македонците и општо демократи Грци, уште по полна со учеството во целиот процес на голем број луѓе, преку совети, делење на весникот, помош, материјал за изданиета. Полна исто така со охрабрувачки зборови за да го продолжиме овој обид. Големо и надежно присуството и учеството на младината. Светла порака за иднината. Една година, каде се појави малку светло во темницата, која државата и парадржавата прави се да ја одржи. Темница околу информирањето на Македонци за политичките, актуелните, историските, културните, човечките прашања, поврзани со нив.

Ние Македонците сме тука. И продолжуваме !

Редакциската Комисија