July 15, 2011

Поништување на Договорот од Букурешт од 1913 година

Интересна анализа на Македонска Искра

Во правото кога е направен договор меѓу договорните страни, секогаш постои можност да се појави трета страна, која не вклучена во договорот, чиј што правен интерес е засегнат со тој договор. Кога и да се појави оваа трета не - договорна страна, може да отпочне со правна постапка со намера да се откаже или поништи договорот, кој делува на нејзина штета. Ова исто правило важи како во правото така и во дипломатијата.

Моето убедување е дека тоа што следува ќе биде на големо изненадување на сите нас - Македонците, секаде каде што сме.


После објавувањето на интернет на сите договори и протоколи во врска со поделбата на Македонија и други внатрешни договори помеѓу кралствата на Србија, Бугарија и Грција во нивните зделки на Балканот, дојдов до правен заклучок дека со формирањето на современата македонска држава (АСНОМ), чии наследници денес сме ние како независна Република Македонија - Ние сме оваа не - одговорна страна со правен интерес.

Во правото кога е направен договор меѓу договорните страни, секогаш постои можност да се појави трета страна, која не вклучена во договорот, чиј што правен интерес е засегнат со тој договор. Кога и да се појави оваа трета не - договорна страна, може да отпочне со правна постапка со намера да се откаже или поништи договорот, кој делува на нејзина штета. Ова исто правило важи како во правото така и во дипломатијата.

Моето убедување е дека тоа што следува ќе биде на големо изненадување на сите нас - Македонците, секаде каде што сме.

На кратко, со одржувањето на Собранието на АСНОМ и прогласувањето на независноста на Република Македонија, ние Македонците директно и ефективно да придонесовме заправно поништување на ефектите од сите спогодби и договори, јавно или тајно склучени меѓу Кралството Србија, Кралството Бугарија и Кралството Грција - како договорните страни, со амин на Големите сили во тоа време, со кои е извршена поделба на македонската земја и народ.

Целиот текст овде:

„Македонска Искра“

July 11, 2011

Повторно проблеми со владиката Петар во Австралија



Објавено во „Македонска Искра

Злонамерни лаги зад името на Џими Мераков


По повод крајно непристојните клевети упатени на моја сметка и на сметка на заедниците кои ги претставувам, објавени во Австралиско - македонскиот неделник, на 21. јуни 2011 г., со наслов ‘Антиохиската Патријаршија не е Грчка Црква – Злобни Лаги Против МПЦ,’ под кој стои името на неофицијалниот гласноговорник на владиката Петар, Џими Мераков, го изјавувам следното:

1. Написот на Џими Мераков е одговор на наш напис кој воопшто не е објавен во Австралиско - македонскиот неделник, иако ние тоа уредно го побаравме. Чесно ќе биде Австралиско - македонскиот неделник да ги објави и написот и документите на кои се однесува одговорот на Мераков, за читателите самите да се уверат кој зборува врз основа на документирани факти, а кој сака да ги оцрни своите противници со сеење на злонамерни чаршиски фантазии.

Целиот текст овде:
Македонска Искра

Македонска Искра пренесува интервју со Христос Сидеропулос Претседател на „Македонското движење за човекови права“.

Христос Сидеропулос е Претседател на „Македонското движење за човекови права“ што работи во Грција. На прославата по повод 55 - годишнината од граѓанската војна во Грција тој ги обвини бегалците дека половината од нив само се жалат на судбината и дека ништо не сториле за да ги добијат правата.

Неговата организација речиси 15 години ги бара правата на македонското малцинство во оваа земја. Тие го покренале овој проблем во Обединетите нации, во Советот на Европа, во Европската Унија, а контактирале и со Хелсиншкиот комитет и со Амнести инетрнешенал.

Целото интервју овде:

„Македонска Искра“


July 10, 2011

Македонското прашање и грчката надворешна политика

Интернет страната „Македонска Искра“ во Македонија прв пат го објавува текстот на Павлос Воскопулос. Оваа статија прв пат е објавена во 1997 година, во „Нова Зора“.
Дел од текстот:

Се разбира, цел е да се врежи грчката национална свест кај „туѓото“ население во Македонија, со паралелно „просветување“ за „нецивилизираните“ соседи, така што да се создаде чувство на супериорност.

Името Славомакедонец денес е продолжение на оваа политика. Терминот е измислен во Министерството за надворешни работи во деценијата од 30-тите години, потоа е усвоен од КПГ, која го направи познат од 1946-49 година.

За Гркот - националист Славомакедонец значи Словен во Македонија, т.е. лице без национален идентитет, или во најдобар случај славофон во Македонија, имено од „словенската припадност“ со грчка национална свест. Тој е и аргументот што се пласира на средбите на грчките функционери со претставниците од меѓународните организации, но и на помладите „македономахи“ кога се осврнуваат на „славофоните“ од Македонија.

Оние што планираат и поттикнуваат политика на такви аргументи не сфаќаат дека тоа го прават со задоцнување, најмалку, од 150 години, бидејќи постоењето на некоја нација е независно од нечии желби. Постоењето, пак, на македонска нација и на етнички Македонци во Грција, е една реалност и, поскоро или подоцна, со оваа идеја ќе се помири секој грчки граѓанин. Оваа реалност реалност не треба ниту да застрашува, ниту да провоцира.


Целата статија можете да ја прочитате овде:

„Македонска Искра“
:


Македонскиот Цар Душан

„Македонска Искра“ има интересен текст за Цар Душан, кој е крунисан во црквата Св. Димитрија, во Скопје.

Во Скопје, во 1349 год, Стефан Душан издава свој Законик, кој, за жал, во оригинал не е зачуван, меѓутоа зачувани се десетина преписи и од таму добиваме информации за оваа историска личност.

Душановиот законик започнува со зборовите "Законик на пречесниот и христољубивиот македонски цар Стефан,

Цар Душан

Цар Душан

владетел српски, бугарски, унгарско-влашки, далматиниски, арбанашки, и на многу други региони и земји". Вака гласат загрепскиот (Хрватска), раваничкиот (Србија), софискиот (Бугарија) препис на Душановиот законик. Душановиот законик со Стефан Душан како македонски цар ќе се најде и во книгата на Љ. Стојановиќ: (Lj. Stojanovic, Stari srpski zapisi i natpisi. Knj. III, Beograd 1905, p. 41 (nbr.4949).) Дури и познатата Едит Дурхам во своето дело "Висока Албанија", прво издание, отпечатено во далечната 1909 година зборува за Македонците, каде што го цитира Душановиот законик "Законик на Цар Душан Македонски, автократ на Србија, Бугарија, Унгарија, Влашка,..” (Edith Durham, "High Albania" First published in 1909, page 294. In London Edward Arnold Publishers to the India Office 1909).


Оваа статија е преземена од овде:

July 09, 2011

Нов скандал со Битолска млекара - ИМБ - Бимилк!


„Македонска Искра“ и неделниот весник „Его“ објавија скандалозни откритија. ИМБ - Бимилк во своите производи наместо домашно млеко користи евапорирано млеко. Имено, од ноември минатата до март оваа година, секоја недела само преку граничниот премин Меџитлија се увезуваат по 40 - 50 тони евапорирано млеко, од кое по додавање на вода, може да се добие од 150 – 100 тона „обично“ млеко!!!

Според неделникот „Его“, во март е увезено вакво млеко и од Франција, кое било бактериолошки неисправно, но подоцна тоа млеко е преработено и од него се добиени 13 тони кашкавал!!!

Прочитајте ја целата статија овде:

July 08, 2011

Присуство на Тајни друштва во Македонија

Деновиве на интернет страната на „Македонска искра“ прочитав интересна статија, кој и како ја „води“ Македонија, ми е страв да помислам во кој правец. Ви препорачувам да ја прочитате.

„Има сила некаде, така организирана, толку препредена, толку будна, толку блокирачка, толку комплетна, толку перверзна, што подобро тие што зборуваат со осудување за неа, да не зборуваат погласно од шепот“ (Видроу Вилсон, 1913, Претседател на САД (1913-1921)

Илуминати

Официјално, ниеден Македонец не е Илуминат. Но општа пракса меѓу 13те фамилии е да имаат едно дете тајно и тивко без фанфари, (како случајот со Хитлер) и да се посвои детето во друга фамилија. Детето тогаш зема друго презиме, со што се крие генеологијата, а во окултните церемонии ќе се прикажуваат биолошките родители. Треба да се укаже дека странската масонерија преку внатрешни лица отвара клиники за вештачко оплодување, а се настојува челните лица на клиниките да бидат во масонеријата.

Језуити

Со оглед на тоа дека во Македонија има римокатолички цркви во Скопје, Битола и Струмичко веројатно во помал дел од верниците има и такви кои се Језуити. Познато е дека во Македонија (во Охрид) дејствуваат пасторално неколку језуити од Загреб.

Скриениот дел на језуитите е воено разузнавачка дејност за Ватикан. Меѓу главните непријатели на верско поле е и православието а цел им е да се воведи екуменизам под контрола на Ватикан.

Ако се знае делот од тајната заклетвата која им се чита на језуитите:

Сине мој, сега си научен да играш прикриено, меѓу римокатолиците да бидеш римокатолик, и да го шпиунираш сопственото братство; да не му веруваш на ниеден човек, ниту во еден човек; меѓу реформистите да бидеш реформист, меѓу хугенотите да бидеш хугенот, меѓу калвинистите да бидеш калвинист. Меѓу протестантите да бидеш протестант и да ја придобиеш нивната доверба, да држиш дури и беседа од нивна проповедница, и да ги поткажуваш со сета своја силина на своето битие на нашата света религија и нашиот папа... Научен си да подмолно сееш семе на омраза и љубомора меѓу народите, регионите и државите кои живеат во мир, и да ги поттикнуваш на крвави дела туркајќи ги едни против други...“ може само да се претпоставува за местото на инфилтрација (не дај боже дури и во МПЦ).

Масонерија (Слободно Ѕидарство)

Бидејќи тајните друштва постојат одамна, тие одамна го вршеле своето влијание врз народот на територијата на Македонија но најчесто било од страна на масоните. До Втората Светска војна влијанието најчесто доаѓало преку печалбарите а помалку од ретките македонски интелектуалци. На многу цркви од печалбарски краеви можат да се видат масонски симболи (како во Гопеш-Битолско). Би требало да се направи подетална студија за ова, но масонството било пораширено кај власите, кои по таа основа на поврзаност имале подобри шанси за тргување па се стекнале со поголеми имоти.

Сигурно е дека масонеријата има одиграно позитивна улога при стварањето на националната свест на Македонскиот народ, пред се поради потребата на масонеријата да ги распадне сите држави каде таа не е на власт. Од тој аспект масонеријата вршела свое влијание и пред и после Илинденското востание. На пр. се знае дека Гоце Делчев на своите предавања како учител кажувал за Џузепе Мацини (задолжен од Ротшилд-ови за светските револуции во тој период), и Гарибалди, кој ја спровел револуцијата во Италија. Но поради немање на соспстена масонска ложа, Македонците учествувале во бугарски и српски ложи.

Основни цели на масонеријата по ослободувањето во 1945 е да се инфилтрира во МВР и во МНР на Југославија а исто така и на Македонија. Во овој период Македонските масони се дел најчесто од српската масонерија.

После смртта на Тито, пред и после осамостојувањето на Македонија, странската масонерија делува поединечно пред се во Министеството за Надворешни работи и кај директорите на фирмите и трговските претставништва во странство. Односно оние кои имаа чести комуникации во странство. Масоните од повисок ред од странските земји, со цел за ширење на масонството, лесно дојдоа до контакт со наши луѓе кај кои вешто ги искористија необузданото славољубие, врела страст и алчност, немилосрдните освети и пакосната омраза“. “Ќе ги подржувавме сите амбиции истакнувајќи ја власта како врховна цел на сите амбиции.“ Овој тип на луѓе лесно го прифатија основниот принцип на масонството -`сила лукавство и лицемерие` и станаа новата Македонска елита.

Формирање на јавно лице на масоните

Према некои информации самостојната Македонска масонска ложа е формирана на 15.10.1996 од 26 мајстори но тоа било недоволен број. Големата Масонска Ложа на Македонија официјално е формирана на 1.10.2005 и се приклучи на светската “Армија Евреи-Масонерија“. Треба да се напомене дека регистрираните членови се само јавниот дел на Масонеријата, повеќе како оддел за комуникација со јавноста.

Влијанието на масонеријата врз политиката може да се види и од фактот што неколку дена потоа Македонија доби статус членка-кандидат за ЕУ (како награда за успешната работа на тајната масонерија)

По доаѓањето на ВМРО - со Груевски на власт бројот на припадници во масонеријата драстично се наголеми зашто беше потребна нова елита, врз која ќе се потпира.

Целата статија погледнете ја овде: