К`о денот што се скри, од жега летна
во срце ми се сви, во мракот сретнав,
во секој чекор си, во сите мои сни,
еј, мило мое, во сите сни!
Од секој златен цвет се буди роса,
кон твојот дремлив свет, ќе тргнам боса.
Кој да крие, тешко ми е, дал` сонот ќе ти каже,
дали ќе ти шепне глас, те љубам јас!
При очи ти си слеп, ме гледаше, а не виде,
било судено да не биде, не биде, мило мое.
При очи ти си слеп, ме гледаше, а не виде
било пишано да не биде, не биде мило мое.
К`о ветрот јужен си, во сини веди,
а јас пак мисла сум, што ќе те следи.
Кој да крие? Тешко ми е! Дал` сонот ќе ти каже?
Дали ќе ти шепне глас, те љубам јас!
При очи ти си слеп, ме гледаше, а не виде,
било судено да не биде, не биде, мило мое.
При очи ти си слеп, ме гледаше, а не виде
било пишано да не биде, не биде мило мое.
No comments:
Post a Comment