December 12, 2011

Миодраг Живановиќ: Болоња – пропаст на високото образование

На 16. и 17. декември се одржува традиционален Научен собир на Филозофскиот факултет во Бањалика. Тема на овогодинешниот собир е квалитетот на наставно – научнниот процес и Болоњски процес. Зошто баш оваа тема? Па, целта на наставниот кадар е да се разгледаат сите противречности, проблеми, достигнувањата и резултатите на она што се нарекува процес на Болоња. На овој собир ќе бидат застапени сите студиски програми на Филозофскиот факултет, така што овој феномен, „Болоња“ ќе биде дискутиран од историски, психолошки, социолошки, педагошки, филозофски аспекти.

На некој начин, вовед на овој собир е и интервјуто со истакнатиот бањалучки професор Миодраг Живановиќ.

Професоре Живановиќ, што е целта на научниот собир посветен на Болоња?

Основната замисла е да се отвори оној дел од проблемот кој е поширок и од Болоњскиот процес, а тоа е за деградација, или како што милувам да кажам, за декаденцијата на високото образование, или уништување на Универзитетот. Тоа веќе може да се идентификува како проект кој е на сцената повеќе од една деценија, а тоа покажува дека во рамките на Болоњскиот процес не е можно да се имплементира поврзаноста на научна работа и наставниот процес.

На кој начин Болоња го оневозможува тоа?

Едноставно, затоа што таа идеја, Болоњска идеја, американска идеја, е толку прагмаична што претставува всушност „средношколизација“ на високото образование. Како што своевремено, за жал покојниот, Стипе Шувар ги правеше своите „шуварици.“ Особен проблем е што во рамките на Болоњскиот процес се уништуваат културата, знаењето, достигнувањата во образованието на т.н. малите народи. Целиот тој процес е, всушност, сведен на стекнување на квантитет во знаењето, а не по стекнување на квалитет.

Колку Болоњскиот процес влијае на самиот систем на наука или, попрецизно, науки?

Кога станува збор за поврзување на науката и образовниот процес, тоа е главно на применети истражувања. Дури и не постојат развојни истражувања, а особено не е возможно да се направат фундаменталните, базичните, истражувања. Па така, оваа култура и сите форми на креативноста, особено на малите народи, лесно промени, а оние кои ќе го положат Болоњскиот процес, завршувајќи различни циклуси на студии, тие ќе бидат обичните роботи во функција на овие или оние интереси. А, тој функционализам, тој е големо зло во западната хемисфера! Тој едноставно ќе го уништи сето она што би требало да го има тоа духовно или теоретско потекло. Ова автоматски води кон поништување на оние дисциплини кои сакаат, кои можат и кои мораат по својата вокација да бидат свртени кон таа теориска содржина.

Значи, како што стојат работите, научниов собир ќе отвори многу поголеми и подлабоки проблеми на Болоња?

Секако! Треба да се видикоја е всушност со идејата на Универзитетот денес? Што е со високото образование? Не само во однос на Болоња, туку и на целата наша иднина, во однос на потребата од поголем и побрз развој, особено дисциплини кои не треба да претставува теоретска основа за применети науки.

Како е можно академската заедница во БиХ, без никакви посериозни научни студии туку така, ad hoc, го прифатиле Болоњскиот процес, здраво за готово? И дури сега, десет години подоцна, имаме отворена дискусија на оваа тема.

Тоа, нормално, го направија политичарите. Тие пред повеќе од 10 години, мислам на претставниците во министерствата и во Федерацијата и во Српската Република, го потпишаа документот, а потоа, за жал, започна да се јавуваат различни форми на примени, кои, исто така, се сведени на она што ние го нарекуваме чиновништво, бирократија, формален пристап во високото образование ... На крај добивме, а тоа го тврдат луѓе кои долго работат во образованието, една апсурдна ситуација во која пред Болоња имавме далеку подобро закони, многу подобар Универзитет и многу повеќе реализирана идеја на независен универзитет. Сега сме на крстопат. Тоа во документите на Болоњакиот процес до викаат „образование во транзиција.“ Јас не знам тоа што значи точно. Во суштина, ние сме со едната нога во расчекор, или можеби во еден вакуум, каде што на универзитетот не се случува нешто што ќе биде од суштинско значење. Само инсистираат на практични, прагматични и бирократски работи, и тоа е всушност клучниот проблем.

Може ли, според ваше мислење, да се промени ваквата депресивна ситуација?

Ние неодамна имавме разговори со претставници на Министерството за образование. Во тие разговори учествуваше и една група на луѓе од Филозоскиот факултет и еден од заклучоците од таа средба беше да се искористи... ајде, морам така да го кажам, „историски момент“, во кој се сретнат студентите кои студирале по старата програма и студенти кои студираат по новата програма. Мислевме да го измериме, а тоа може да се измери, квантумот на знаењето на едните и на другите.

Што е со онаа на добро позната „мобилност“ меѓу студентите и наставниот кадар, која ја нуди Болоњскиот процес како своја најголема предност?

Мобилноста треба да е двонасочна. Кога веќе говориме за Болоњскиот процес, тогаш тоа треба да се оди во двете насоки. Кога станува збор за Босна и Херцеговина, нашите студенти треба да одат, да престојуваат, да учат и истражуваат на други универзитети во странство, но мора да биде и обратно.


No comments:

Post a Comment