- Хераклеја Линкестис е најистражена и најмногу репрезентирана во јавноста. Во доцната антика многу антички типови на градителство ги снемува: театри, гимназиони, портици, храмови на пагански божества, некои биле преправани во цркви, некои добивале нова намена или, едноставно, ги снемувало. Но сепак некои градби ја сочувале првобитната функција, како на пример термите во Хераклеја. Тие се мали и ги нема сите оние сали што ги има во мегаполисите на римската империја. За нас е интересен еден податок, кој ќе се обидеме да го разјасниме, а го запишал историчарот Малх, кој ни зборува за случката помеѓу епископот и Теодорих во 479 год. иако епископот му испратил разни дарови на Теодорих, тој ја запалил и разурнал Хераклеја. Растењето на моќта на епископите не се случило во 505 година со одлуката на царот Анастасиј, тоа било претходно. Епископот се јавувал како судија и духовен застапник на локалното население. Секој град морал да има свој епископ. Комплетното префрлување на должностите на епископите ги дал Јустинијан во 535 година и им забранил на намесниците да поставуваат свои претставници. во 538 година на епископите им дава комплетно управување со провинциите. Уште во 545 година им дава право да го контролираат и данокот. Бидејќи Хераклеја во околината имала само епископ, сигурно тој бил главен и на помалите гратчиња во околината. Со оваа функција оди и потребата за одбрана на градот. Значи, покрај духовната власт епископот ја имал и световната. Сепак, ваквите новини јасно ни кажуваат за една длабока криза во царството. Хераклеја како епископско седиште останува до длабоко во средниот век. Се мисли на натписот од епископот Герасим, лоциран во XIII век. доцната антика е колепка на христијанството. Многу епископи во католичкото (сеопфатно) христијанство биле учесници на екуменските собири и нивните одлуки биле прифатени во интерес на Црквата. Да го споменеме Бенигнус, епископ Хераклејски – Пелагониски од 553 година.
- Никеа (Nicea)
Во 1928 година, кај село Доленци, битолско, е откриена римска тврдина. И. Микулчиќ, познавачот на доцноримските градови, смета дека нема потреба населбата да е оддалечена од тврдината. Секаде бил запазаен принципот, каде што е тврдината таму е и населбата. Двете компоненти прават град. Констатираме дека првобитното, најстарото размислување на Никола Вулиќ е најприфатливо.
- Антанија
Два натписи ни зборуваат за Антанија. вториот, најден во Стоби, помогна да се лоцира територијата која во раното царско време била врзана за Линк. Градот се наоѓал во Мариово. Градот не е идентификуван, но се смета дека бил лоциран кај манастирот Чебрен.
- Пелагонија
Забележан е во пописот на Хиероклов синегдим од 526/27 год. како град во провинцијата Македонија II. Значи, на северниот дел од Пелагониската регија. Сè уште не е прецизно лоциран, а се смета дека егзистирал во општина Прилеп. Три локалитети се сметаат за можна локација на Пелагонија: Кале Дебреште - с. Дебреште, Маркови Кули - с. Варош и Висока - меѓу селата Крушевица и Бонче. Со недоволни докази, претпоставките се отворени.
- Стари Град - Кале
Северна испостава на предворието на Пелагонија. Иако припаѓа на општина Велес, непосреден дел е од нашата тема. Самиот град е со грандиозни димензии. Лежи во близина на истоименото село Стари Град. Во континуитет е на тврдините што се наоѓале на североисточните рабови на Пелагониската рамнина во Прилепската регија. Го контролирал преминот Мукос, кај Присад и северниот влез кај с. Гостиражни, како и патот што водел од Велес кон Пелагонија.
No comments:
Post a Comment