Некрополата на комплексот Водочки цркви, село Водоча – Струмица, со ископаните 1081 гроб претставува исклучително значаен локалитет од Македонија и своевиден параметар за археолошката слика на овој простор во времето од XIIIXIV, па сè до XX век. Со бројноста на истражени гробови, со гробните и вонгробни наоди, континуитетот на употреба од страна на популацијата од една иста населба која егзистирала од средните векови до наши дни, оваа некропола понуди многу интересни сознанија за историските, демографските, економските и социјалните прилики, како и за спецификите на матријалната култура на населението разоткривајќи многу непознаници, одговарајќи на одделни прашања, но истовремено отворајќи и нови загатки.
Ископувањата на некрополата и теренската документација се стручно и квалитетно изведени при што во гробовите, како затворени целини се откриени стотици примероци накит, потоа монети, поретко метални, керамички, стаклени, коскени, како и органски материјали. Процесот на конзервација и фото документација на движните наоди ископани на некрополата од водоча се одвиваше од крајот на 2003 до крајот на 2007 година.
No comments:
Post a Comment