Македонија под турско ропство ХIХ и почеток на ХХ век
1822 г. - Негушкото востание во Македонија
1839 г. - Објавен е Гилханскиот Хатишериф
1839 г. - Во Солун е отворена печатницата на Теодосиј Синаитски
1844 г. - Кај Катланово се одиграла жестока битка
1850 г. - Во Солун билаотворена печатницата на Киријак Држилович
1854 г. - Започнало востанието во егејскиот дел на Македонија, предводено од Димитар Караташо - помладиот
1856 г. - Во Цариград е донесен Хатихумајунот
1857 г. - Во Велес било основано првото класно училиште во Македонија
1875 - 1881 г. - Источната криза
1876 г. - Избувнало Разловечкото востание во Македонија
1876 г. - Била одржана Цариградската конференција
1876 г. - Била потпишана Рајштадската спогодба
1877 г. - Била усвоена Будимпештанската тајна конвенција
1878 г. - Пијанечкото востаничко пројавување
1878 г. - Избувнало Кумановско - кривопаланечкото востание
1878 г. - Започнало Кресненското (Македонското) Востание
1878-1881 г. - Се случиле повеќе заговори и буни во Западна Македонија, познати како Демирхисарска или Брсјачка буна
1888 г. - Во Софија била основана "Словенско-македонска книжевна дружина" на чело со Ѓоргија Пулевски
1893 г. - Во Солун е формирана Тајната македонско-одринска револуционерна организација - ТМРО.
1894 г. - Бил напишан првиот Устав на Организацијата и избран првиот Централниот комитет на чело со д-р. Христо Татарчев
1895 г. - Во Софија бил основан Врховниот македонски комитет (ВМК)
1895 г. - Во Софија била основана “Македонската социјалистичка група” на чело со Васил Главинов
1896 г. - Во Солун е донесен втор Устав на ТМОРО и избран нов Централен комитет
1897 г. - Избувнала Виничката провала
1898 г. - Во Швајцарија бил основан “Таен македонски револуционерен комитет”
1898 г. - Во Петроград (Русија) бил основан “Македонски таен револуционерен комитет
1902 г. - Во Петроград (Русија) било формирано “Славјано - македонско научно литературно друштво
1903 г. - Биле одржани Солунскиот и Смилевскиот конгрес на ТМОРО
1903 г. - Бил убиен Гоце Делчев во Баница, Серско
1903 г. - Започнало Илинденското востание
1905 г. - Бил одржан Општиот Рилски конгрес на ТМОРО, сега веќе преименувана во ВМОРО (Внатрешна македонско - одринска револуционерна организација
1908 г. - Започнала Младотурската револуција
1909 г. - Во Цариград била совладана солунската контрареволуција
1909 г. - Во Солун била основана Народната федеративна партија (НФП)
1912 г. - Започнала Првата балканска војна
1913 г. - Бил потпишан Лондонскиот мировен договор
1913 г. - Започнала Втората балканска војна
1913 г. - На Букурешкиот мировен договор Македонија била поделена од страна на балканските сојузници (Србија, Грција, Бугарија, а дел добила и Албанија)
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment