April 01, 2012

Самоилова тврдина, Охрид


Самоиловата тврдина (охридската крепост во поширока смисла) почнала да се гради во IV век пред хр. ера. Во античките извори првпат се спомнува во врска со настаните од 209 година пред хр.ера од страна на античкиот историчар ливиј (LIV. XXVIII,32,9).

Денешниот изглед и протегање најповеќе се должи на обновувањето во IV и V век (наша ера) поради што во 479 година кралот на источните готи Теодорих Амалиецот во својот поход од Македонија кон Епир, не успеал да ја освои. Во крајот на X и почетокот на XI век била била престолнина на првото македонско - словенско царство и на царот Самуил кога и конечно се оформил централниот дел (цитаделата) според која подоцна и го добила името Самуилова тврдина. Во текот на средниот век била повеќе пати разурнувана и повторно обновувана, а во крајот на XVIII и првата половина на XIX век Џеладин бег извршил поголеми интервенции на бедемите од цитаделата, кога што во нејзината внатрешност (југозападен дел) си изградил и сарај (1808 година).

Во времето од 2000-2002 година се случија досега најголемите археолошки истражувата на Самуиловата тврдина и покрај бедемите од подградието кај комплексот горна порта, како и санирање, конзервација, реставрација и реконструкција на овие комплекси од охридската крепост. Во 2002 година се случи и најзначајното откритие во археолочка смисла, односно беше откриена веќе познатата златна ритуална маска (прва половина на V век пред хр. ера) и многубројни други керамички, златни, сребрени, бронзени, стаклени и килибарни предмети.

Од 2002-та до денес на просторите од цитаделата и покрај бедемите од тврдината кај комплексот горна порта континуирано се изведуваат археолошки истражувања и конзерваторско - реставраторски работи во помал обем при кое се откриени многубројни археолошки артефакти во гробовите со хронолошка припадност од VI-V век пред христовата ера до III век од нашата ера.


Дел од наодите може да ги погледнете овде.

1 comment: