Исламска Заедница во Република Македонија, е верска организација на сите муслимани кои живеат на просторот на Република Македонија. Таа е компетентна и одговорна институција за развојот на верскиот живот врз здрави исламски основи; го организира одржувањето на верски работи на верниците и ги одредува нивните задачи и обврски. Исламската Заедница ја штити и негува скапоцената ризница на моралните, социјалните, економските, културните, образовните и другите вредности на нејзините припадници. Таа ги претставува муслиманите од ова поднебје во земјата и во странство и ги штити нивните интереси во сите областите од животот.
Од појавата на Исламот на нашиве простори, муслиманите на Македонија непрекинато биле недделива исламска духовна целина, кои ги наследиле учењата на последната објавена Книга – Кур`анот Керим и Сунетот на Пејгамбер а.с. За да ги реализираат своите верски задачи, муслиманите се поврзале со единствената Исламска заедница, независно од нивната национална или етничка припадност.
Организирањето на верскиот живот во текот на перидот на Османлиската Држава било под јуриздикција на Шејхул-Исламот во Истанбул, додека по Балканските војни, односно, по Првата Светска Војна, верскиот живот на муслиманите бил под јуриздикција на Реис Улема, со седиште во Сараево, Босна и Херцеговина. Инаку, Исламската Заедница во Република Македонија била составен дел на Исламската Заедница на Кралството Југославија, а потоа, во Социјалистичка Федеративна Република Југославија. По распадот на поранешната државна заедница и по осамостојувањето на Република Македонија, оваа заедница продолжува да дејствува како независна верска заедница во Република Македонија, со седиште во Скопје.
Исламската заедница во Република Македонија, својата активност ја потпира врз Кур`анот, Сунетот, и нејзиниот Устав, како и нормативните акти што произлегуваат од него. Таа е независна во организирањето на верскиот живот, во вакуфите, во административно-финансиската дејност, како и во останатите активности што произлегуваат од овој Устав.
Во остварувањето на исламските задачи, во областа на ибадетите, оваа Заедница ја применува Правната школа Ханефите.
Цел на Исламската заедница во Република Македонија е подигање на верската свест, организирање на извршувањето ибадети и оживотворување на Исламот кај муслиманите.
Преземено од комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment