April 23, 2012

Марко, трите наречници и В'лкашин

Трудна била млада Јевросима,
трудна била, дете си родила.
Волкашин се многу израдува,
дека му се машко дете роди,
си го прати на крштење црква,
да го крстат уште недојано,
на детето име му клале,
чесно име Марко Кралевиќе.
Волкашин ми гости поканило,
повојница на дете да стора,
треќа вечер со слатка вечера.
Гости дошле и си вечерале;
по вечера што си полегнале,
полегнале и сите заспале,
Волкашин ми саде не спиело.
Време било токму на полноќе,
на полноќе - време глуа доба,
што му дошле до три наречници,
на детето к'смет да нaречат.
Двете к'смет на Марко нарекле,
треќа рекла - Марко да е јунак,
кога момче оно да порасти,
на татка си коски да му скрши.
Кога чуло крала Волкашина,
што нарекла треќа наречница,
лели нему ѓуч многу му падна,
што си зеде Марко малечкао
и го кладе во една кошница
кошница со смола намачкана,
та го фрли по бела Вардара,
да с'удаи и да куртулиса,
од што рекла треќа наречница.
Вардар тече и Марка го носи,
кошницата покрај брего плива,
мали Марко во кошница писка.
Што го дочу младоно овчарче
и се прибра кај брего да види
што е тоа, шго толку ми пишти.
Кога виде дете во кошница,
на овчарче лели жал му падна,
се наведе и кошница фати,
кога виде во кошница дете,
си го крена на две бели раце,
го однесе дома кај мајка си,
да го гледа и да го изгледа.
Го гледала и си го ранила,
што-станало момче за работа,
го главила Марка за телчарче,
да си паси сите телци селски.
Телци пасол три дни ем три ноќи,
четврти ден ми истепал телци,
та си дошол дома при татка си,
многу мака нему му паднало,
дека Марко телци истепало.
Се налути татко му од Марка,
та истерал Кралевиќа Марка,
да не седи во негојте куќи,
и на Марка тој вака му рекол:
- Ај од тука, ти дете копиле,
што ми стори голем пакос мене,
голем пакос и срам ми донесе,
што истепа сите селски телци,
за да платам едно чудо пари,
та да смирам сичички селани!
Ти да беше дете аирлија,
не ќе беше по река пуштено
од твој татко и од твоја мајка,
да се давиш во белио Вардар,
во Вардара син ми да те види
и од Вардар тој да ми те земи,
и дома ми тој да те донеси,
да те гледам и да те изгледам,
да те сторам момче за женење,
a cera ти пакос да ми сториш,
сите телци селски да истепаш!
Ај од тука, кај сакаш оди си,
Вардар татко тебе нека ти е,
и Вардар мајка нека ти е!
Кога чуло Марко Кралевиќе,
од овчарот што беше му рекол,
се усрамил Марко и избегал,
си отишол покрај бели Вардар
и си седнал во белата песок,
во песокта куќа си ископал
и си седнал тамо да живеи.
Свадба праил Рељо Шестокрило,
свадба праил, сакал да се ожени,
ми поканил кралеи, банеи,
ми поканил китени сватои,
и поканил свети јоановци,
нунко канил стара Волкашина,
а Груица за стара девера,
помал девер му се попишмани.
Се налути Рељо Шестокрило,
што испрати старега девера
по патишта, по сите друмишта,
и по сите, богме, раскрсници,
со здравица девер да му бара,
кај ќе најди, девер да си земи.
Постар девер сегде ми прошетал,
по патишта и по раскрсници,
нигде девер она не мн нашло,
кога дошол до бела Вардара,
што ми нашол Марко во песокта.
Пред Марко се Грујо застојало
и изваил здравица со вино,
та поканил Марка за девера.
Лели Марко тогај прогоори:
Ај од тука, незнаен делија,
не шегај се со мене сирака,
мене ми е Вардар татко и мајка,
а песокта мене ми е куќа.
Прогоори постара девера:
He ce, брате, со тебе шегувам
туку тебе за девера канам
у онего Реља Шестокрила,
зет ќе биде, невеста ќе зема,
заповедај, здравицата земи,
за да бидеш помала девера! -
Кога чуло Марко Кралевиќе,
што ми зело здравица во рака,
се напило, свадба почестило,
помал девер она ми станало
и тргнало на свадба да оди...
Што ми пошле у Рељо Шестокрила,
Рељо ми го лепо пречекало,
си променил помала девера
со убаи свадбински алишта,
го обружа со светло оружје.
Ми чукнале свирци, табуанци,
ми тргнале ќитени сватои
и ми ошле, невеста си зеле.
Кога назад тие си иделе,
и ми дошле во гора зелена,
што излегла една ѕверетина,
ѕверетина, богме, со три глаи,
што заптиса ќитени сватои,
та му зеде од сите дарои,
најодзади два млади девера,
тие водат убаа невеста.
Ѕверетина невеста им сака,
на девери она вака рекла:
- Ја остајте, два млади девера,
ја остајте младата невеста,
за живи да се куртулисате!-
Се уплаши постара девера,
си остаи убаа невеста,
за живо тој да куртулиса.
Марко, брате, не ми се уплаши,
од невеста не ми се истаи
и невеста она не си дава.
Лели ми се ѕверетин налути
и се пушти Марка да загуби.
Марко ми сејуначки бореше,
сватоите од скраја гледале,
сите ми се богме, уплашиле
се уплашиле и ми избегале,
сите у Реља дома отишле.
Заптисале свирци, табуанци,
му викнале ѓаци ем попои,
да ми пеат девер ем невеста,
та седнале за душа да јадат,
за невеста и малио девер.
Ѕверетина со Марко се борил,
три саати токму се бориле,
дури Марко ѕверетина кутнал,
му пресекол до три ѕверски глаи,
што му зело сичките дарои
и отпуштил три синџири робје:
први синиир се млади момчиња,
втори синџир се млади девојки,
треќи cинџир старци ем старички.
И си зело убаа невеста,
та си ошло у Реља Шестокрила,
и ми пошол на чесна трпеза,
та му фрлил трите ѕверски глаи,
од глаи се сите уплашиле
и на нозе сите ми скочиле,
на Марка му чес голема дале,
на трпеза на чело го клале.
Тогај Марко викнал постар девер.
Лели рече, Марко, проговори:
- Ој ти, море, постари девере,
кога не си ти за девер да си,
зашто си се ти девер сторило
и невеста на пат си остаил?
Наведи се јас да те научам,
за други пат пак да бидеш девер!
Се наведе Грујо постар девер,
Марко му удри шес боздогана.
И повикал стари Волкашина,
та му удрил петнаесе боздогана,
му прекршил сите негој ребра.
Што повикал и старега свата,
та му удрил петнаесе боздогана,
дека не знај невеста да чуа.
И повикал китени сватои
и заредил с тешка боздогана,
кому еден, кому два удирал,
и секому даро му повраќал,
што му зела лоша ѕверетина.
И си седнал на чесна трпеза,
та повикал младата невеста,
да се клања, рака да бакнуа
Ми удриле свирци, табуанци,
пак отпрво поткачи се свадба,
сите јадат и вино си пијат
и сите се радосно веселат.
Тогај ми се Волкашин потсетил,
проговори и Марка го праша:
-Ој ти, море незнаен делија,
ќе те прашам, право да ми кажеш:
која мајка тебе те родило,
и кој татко тебе те гледало?
-Лели Марко тогај проговори:
-Ој ти, море, стари Волкашине,
Вардар мајка, Вардар ми е татко,
ситна песок ми е моја куќа.
Кога чуло крала Волкашина,
што му кажа Марко Кралевиќе,
оти Вардар нему мајка било,
тој се сетил оти тој е Марко.
Лели вели крала Волкашина:
-Ој ти, море, момче помал девер,
ти си мој син, јас сум твојот татко,
сум ти клало име твое Марко,
треќа вечер тебе ти нарекле,
ти да бидиш јунак над јунака,
ти да станеш момче за женење и
коските мене да ми скршиш,
кога ќе си ти јунак порастиш.
Наречница треќа така рече,
за тоа те јас во Вардар фрлив,
да се удајш и да не ме тепаш.
Арно ама, што е наречено,
преку глаа ќе врви на чоеко.
-Кога чуло Марко Кралевиќе,
што му кажа стара Волкашина,
оти тој на Марко му бил татко,
рипна момче на нозе јуначки,
та си стори до три метание
и му бакна рака на татка си,
и му сакал од татка проштење,
што му скршил коски со боздоган.
А Волкашин прегрнал си Марко, го целивал три пати во чело. И седнале на чесна трпеза, да си пијат вино ем ракија, јале, пиле токмо три месеци и сите си радосно отишле, откако се свадба битисала.
Фала богу, за чудо големо, што се рекло од три наречнци, што се рекло и се извршило.

1 comment: