April 10, 2013

Оф, аман од големите јадови



Оф, оф, аман, од големите јадови.
Оф, оф, аман, од карцери и затвори.
Три години станаа војник кај служев,
а сега во затвор да лежам.

Не ми е жал, што сме млади осудени.
Не ми е жал што сме млади затворени,
туку ми е жал што се исполни
желбата на наш'те душмани.

Далеку е мојот мили роден крај,
далеку е, преку албанските гори,
пред нас стојат стражари со шмајзери,
ние страдаме од душмани.

Ох, да знае мој'та мајка кај се возам,
Ох, да знае параходот каде броди,
и моторот како жално си брчи,
тешко му е, робијаши вози.

Збогум Илче и со здравје да си одиш,
збогум Илче, немој да ме заборавиш,
поздрави ги наш'те браќа и сестри,
само немој нашите душмани.

No comments:

Post a Comment