November 23, 2009

Македонски јазик на грчката телевизија!

Тричасовна дебата на тема македонско малцинство на една од најгледаните емисии во Грција. Во отворената програма на телевизијата Алтер на едно место претставници на Виножито и политичари од најголемите грчки партии.
Покрај обвинувањата дека Македонците во Грција се на платниот список на владата во Скопје Неа Демократија Пасок и радикалната Лаос со тврдења дека прашањето за македонско малцинство е план на американската влада да предизвика проблеми на Грција.
Планот наводно го спроведуваат Сорос и канадскиот Македонец Битов а во него е вклучен и медијаторот Нимиц кој што според гостите предавал на универзитет сопственост на Сорос. Со остри критики од грчките партии се соочи и поранешниот советник на лидерот на Пасок Папандредреу, Валианатос кој пред три месеци беше сменет од таа позиција поради тоа што јавно проговори за постоење на македонско малцинство.
На тврдењето на Пасок дека извештајот на Мекдугал е платен од Вашингтон Валианатос со објаснување дека ОН никогаш не биле орудие на САД споменувајќи го и советот на Европа како тело кое не потпаѓа на влијание на големите сили. За одлуките на европскиот суд за човекови права според кој Македонците се реалност во Грција грчките гости воопто не сакале да разговараат.
Тема на разговорот и присуство на македонските медиуми на Илинден во Офчарани. Виножито е обвинето дека поканувал само македонски телевизии а не и грчки.
На крајот на дебатата еден од лидерите на Виножито Васкопулос на Македонски јазик им се обратил на гледачите и им порачал дека не треба да се плашат да кажат дека се Македонци.

No comments:

Post a Comment