На годишнината од минатогодишните немири во Грција, лекцијата сеуште не им е научена. Оваа година повторно се приведени и повредени многу граѓани кои протестираат поради смртта на Александар Григоропулос и поради бедната екомноска состојба на граѓаните на таа држава. „Лулката“ на демократијата не само што не ги решава економските прашања, туку не прави ништо нуту за етничките заедници кои живеат во Грција. Во изминатиов период сме сведоци на грубо нарушување на основните човекови права во Грција. Имено, Грција не признава малцинства освен муслимани за кои тврди дека се Грци муслимани и дека не се Турци или Албанци, а Македонското малцинство и воопшто не го спомнуваат дека постои.
Борбата на Македонците во Беломорскиот дел на Македонија полека почнува да се пренесува и надвор од Грција. Имено, Комесарот за човекови права на Советот на Европа Томас Хамарберг по тридневната посета на Бугарија, меѓу другото побара и заштита и почитување на македонското малцинство.
Вообичаено комесарот за човекови права на Советот на Европа Томас Хамарберг, не дава изјави веднаш по посетата на една земја, но овојпат преку соопштение од неговиот кабинет во Стразбур се вели дека тој ги охрабрил бугарските власти да ја гарантираат рамноправноста на малцинствата кои живеат во земјата.
За време на тридневната посета на Бугарија, покрај средбите со претставници на владата, тој имаше средби и со претставници на граѓанското општество и на малцинствата, меѓу кои и непризнатото македонско малцинство.
Во сите овие разговори станало збор за заштитата на етничките групи кои живеат во Бугарија, при што Хамарберг го отворил и разговарал за прашањето за заштитата на македонското и турското малцинство. Повикувајќи се на стандардите утврдени од Советот на Европа во областа на човековите права, комесарот им препорачал на бугарските власти „обновен и систематски дијалог“ со овие заедници за да се разрешат нерешените прашања.
„Во модерна Европа, денес мора да се признае дека луѓето можат да имаат плуралистички идентитет, дека тие можат истовремено да и припаѓаат на една малцинска група и истовремено да бидат лојални граѓани на државата и кон мнозинството. Тоа е начин на размислување кој води кон почитување на човековите права,“ изјави неодамна за Радио Дојче Веле Томас Хамарберг, околу непризнавањето на македонското малцинство и проблемите за регистрација на нивна политичка партија и здруженија во Бугарија.
Софија да се бори против дискусиите за омраза
Комесарот Хамарберг по посетата на Бугарија вели дека е загрижен поради ксенофобските постапки кон малцинствата, пред се’ муслиманското. Тој побара од Софија да се бори против дискусиите на омраза на која се изложени малцинствата, со превентивни акции, но и со судење на виновниците за ширење на дискусиите полни со омраза. Од политичките лидери на Бугарија тој побара да покажат толеранција и меѓусебна почит кон малцинствата, што може да послужи за пример. Независните структури за заштита на човековите права, како медијаторот и Комисијата за заштита против дискриминацијата, според Хамарберг се од големо значење за заштита на лицата исложени на дискриминација. Комесарот за човекови права при посетата на Бугарија посебно инсистирал на подобрувањето на положбата на Ромите и заштитата на децата кои се сместени во институциите.
Целосниот извештај на комесарот, со конкретни препораки до бугарските власти ќе биде објавен на почетокот на идната година. Во последниот извештај за Бугарија од 2006, подготвен од претходникот на Хамарберг, Алваро Хил – Роблес беше критикувана Бугарија за одбивањето да ја регистирира партијата „ОМО Илинден – Пирин“ и беше побарано да се преземат мерки за да се овозможи здружување на малцинствата.

No comments:
Post a Comment