Ние, Македонците, сме прекрасен народ, но со тажно и тешко минато. До 1990 год. живеевме тешко, а од 1990. година не се промени ништо, иако сега имаме своја држава. Сега живееме под политичка пресија од нашите политичари, се` едно од која партија се. Секојдневно ги гледаме како се обвинуваат за се` нешто, но тие се сложни за една работа: Нас никој не не` сакал. Тие упорно ни тврдат дека: „Македонија е многу мала држава и дека никој не знае за нас“ (или подобро кажано, многу малку луѓе во светот знаат за нашето минато и за нашата култура).
Но, народот се избори за токму спротивното. Користејќи го интернетот, многу луѓе во светот дознаа за нашата мила Македонија. Народот доби уште една битка: достојно промовирање на нашата држава! Комуницирајќи со некои луѓе, кои не се од Балканов, забележав дека тие навистина имаат солидно познавање за Македонија. Значи, народот доби една многу важна битка, а тоа е обичните луѓе во светот да знаат за нас. Колку - толку, политичарите се запознати што се случува кај нас, но огромен успех е кога другите луѓе ќе се заинтересираат кои сме, што сме, од каде сме и најважното што носиме во себе. Генот си го прави своето, крвта на Македонците врие!
Порано правевме интернет кампањи за оваа или онаа институција да не ословува со уставното име. Мислам дека користејќи го интернетот, свесно или не свесно, сите ние заедно направивме една кампања светот да не нарече Македонија, светот се луѓето кои ги сочинуваат државите, значи сите ние заедно можеме да се пофалиме и да се гордееме со голем успех!
На блогот на Eddie rebel прочитав текст кој навистина ме израдува. Ме израдува фактот дека не само што се интересираат за Македонија туку и почнуваат да ги сакаат и народот и државата, а тоа е најголем успех за нас како Македонци!

Браво! Светот е мал или Македонија порасна :)
ReplyDelete