September 02, 2010

Леб и сол - Сакам...



Ало, сношти сакав да ти дојдам,
да те видам, да те гушнам,
и да ти кажам дека...
Сакав, да ја земам твојата мала рака,
да ја стопам со мојата, малку поголема,
да заедно излеземе од времето,
кое е само дел од вечноста која касни
она време, она пурпурно, вечно
Сакав да се стопам со тебе,
Љубов... како може на секаде да постои?!
Овде е... толку бело и лесно.
Нема мирис, чисто е и мирно
и една лесна музика ја држи светлината.
А, ти, како си?
Ало, тука ли си уште?!
Не, ништо... сакав,
сакав само да ти кажам дека...
Дека многу...
многу те сакам!

No comments:

Post a Comment