Весна Прчковска докторираше во Холандија на нова софтвер-алатка која треба да помогне во дијагностиката и лекувањето на нервно заболените. Успехот на Прчковска деновиве го одбележуваат и холандските медиумиДваесет и осумгодишната Македонка Весна Прчковска одбрани докторски труд на Универзитетот за технологија во Ајндховен, Холандија, за нов софтвер за полесно прикажување на мозочните влакна. Новата алатка треба да помогне во дијагностиката и лекувањето на нервно заболените. Успехот на Прчковска деновиве го одбележуваат и холандските медиуми. Софтверот, во чие развивање учествувала македонската млада научничка, би бил од голема корист при интервенции на мозочни тумори, како и за лекување на Паркинсоновата болест, мултиплекс склероза и други заболувања на мозокот и нервниот систем. Со негова помош и со апаратот за магнетна резонанса се визуализираат мозочните влакна, па потоа прецизно може да се определи проблемот кај болниот. - Работевме на техника со која се реконструираат мозочните влакна, особено во области каде што тие се допираат или се прекрстуваат, проблем што досегашните техники не успеваа да го разрешат. Работевме на подобрување на квалитетот на сликите и на нови техники за визуализација - вели Прчковска. Нејзиниот успех допрел само до мал број македонски научници. Дел од нив реагираа со објаснување дека не се работи за нешто особено револуционерно. За разлика од нив, проф. д-р Миодраг Врчаковски од Институтот за рендгенологија не само што го пофали успехот на Прчковска, туку и објасни дека новиот софтвер треба добро да ги покаже нервните влакна, по што нервохирургот ќе знае каде точно треба да работи со електродите, кога го оперира болниот. |
November 16, 2010
Македонка создаде софтвер за лекување нервни болести!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment