November 16, 2010

Грците аргати во Турција!

Во текот на годинава голем број грчки државјани побарале работа во Турција, објавија турските медиуми. Причина за тоа е големата невработеност во Грција (12,6 проценти) создадена од тешката економска криза и воведените владини рестриктивни мерки. Фактот што Грците бараат работа во Турција за плата, која е еднаква на половина од минималната заработувачка во Грција, покажува дека тие се наоѓаат во безнадежна состојба поради невработеноста во нивната земја.

Според службеници од грчкиот конзулат во Истанбул во текот на годинава голем број Грци побарале помош во дипломатското претставништво со барање да им се најде работа во најголемиот град на Турција. Дипломатите сметаат дека ова претставува преседан, бидејќи до лани во амбасадата не пристигнувале вакви молби.

No comments:

Post a Comment