Секоја траума, спомен и сеќавање што ги преживеале во текот на Граѓанската војна во Грција,Македонците од Егејот ќе може да ги раскажат и да останат засекогаш запишани како дел од историјата на македонскиот народ. Сведоците на голготата ќе може тоа да го сторат во Институтот за национална историја. Ако сакаат може да повикаат екипа да ги посети дома за да ги раскажат своите животни приказни.
Иницијатор за заштита и архивирање на културното наследство од Егејска Македонија е Сојузот на стопанските комори на Македонија. Тие му понудиле на Институтот за национална историја да ја реализира нивната идеја. Научниците од Институтот ја прифатиле идејата без резерва бидејќи сметаледека тоа треба да се направи, вели Тодор Чепреганов, директор на институцијата.
- Идејата е да се соберат сеќавања, артефакти, фотографии, сето она што го имаат луѓето кои ја искусиле судбината на егејската голгота, од 1941 до 1949 година. Проектот е многу значаен оти годините си одминуваат, генерациите по природен пат си заминуваат. За идните поколенија нема да остане ништо. Можеби по многу години некој ќе побара да види и да чуе човек што лично ја раскажува својата животна приказна. Сето тоа треба да биде документирано бидејќи е дел од македонската историја. На пример, претседателот на Иран денес кажува дека Холокаустот е измислица и дека воопшто не се случил - објаснува Чепреганов.
Извор: Egejska.com
No comments:
Post a Comment