July 08, 2011

Присуство на Тајни друштва во Македонија

Деновиве на интернет страната на „Македонска искра“ прочитав интересна статија, кој и како ја „води“ Македонија, ми е страв да помислам во кој правец. Ви препорачувам да ја прочитате.

„Има сила некаде, така организирана, толку препредена, толку будна, толку блокирачка, толку комплетна, толку перверзна, што подобро тие што зборуваат со осудување за неа, да не зборуваат погласно од шепот“ (Видроу Вилсон, 1913, Претседател на САД (1913-1921)

Илуминати

Официјално, ниеден Македонец не е Илуминат. Но општа пракса меѓу 13те фамилии е да имаат едно дете тајно и тивко без фанфари, (како случајот со Хитлер) и да се посвои детето во друга фамилија. Детето тогаш зема друго презиме, со што се крие генеологијата, а во окултните церемонии ќе се прикажуваат биолошките родители. Треба да се укаже дека странската масонерија преку внатрешни лица отвара клиники за вештачко оплодување, а се настојува челните лица на клиниките да бидат во масонеријата.

Језуити

Со оглед на тоа дека во Македонија има римокатолички цркви во Скопје, Битола и Струмичко веројатно во помал дел од верниците има и такви кои се Језуити. Познато е дека во Македонија (во Охрид) дејствуваат пасторално неколку језуити од Загреб.

Скриениот дел на језуитите е воено разузнавачка дејност за Ватикан. Меѓу главните непријатели на верско поле е и православието а цел им е да се воведи екуменизам под контрола на Ватикан.

Ако се знае делот од тајната заклетвата која им се чита на језуитите:

Сине мој, сега си научен да играш прикриено, меѓу римокатолиците да бидеш римокатолик, и да го шпиунираш сопственото братство; да не му веруваш на ниеден човек, ниту во еден човек; меѓу реформистите да бидеш реформист, меѓу хугенотите да бидеш хугенот, меѓу калвинистите да бидеш калвинист. Меѓу протестантите да бидеш протестант и да ја придобиеш нивната доверба, да држиш дури и беседа од нивна проповедница, и да ги поткажуваш со сета своја силина на своето битие на нашата света религија и нашиот папа... Научен си да подмолно сееш семе на омраза и љубомора меѓу народите, регионите и државите кои живеат во мир, и да ги поттикнуваш на крвави дела туркајќи ги едни против други...“ може само да се претпоставува за местото на инфилтрација (не дај боже дури и во МПЦ).

Масонерија (Слободно Ѕидарство)

Бидејќи тајните друштва постојат одамна, тие одамна го вршеле своето влијание врз народот на територијата на Македонија но најчесто било од страна на масоните. До Втората Светска војна влијанието најчесто доаѓало преку печалбарите а помалку од ретките македонски интелектуалци. На многу цркви од печалбарски краеви можат да се видат масонски симболи (како во Гопеш-Битолско). Би требало да се направи подетална студија за ова, но масонството било пораширено кај власите, кои по таа основа на поврзаност имале подобри шанси за тргување па се стекнале со поголеми имоти.

Сигурно е дека масонеријата има одиграно позитивна улога при стварањето на националната свест на Македонскиот народ, пред се поради потребата на масонеријата да ги распадне сите држави каде таа не е на власт. Од тој аспект масонеријата вршела свое влијание и пред и после Илинденското востание. На пр. се знае дека Гоце Делчев на своите предавања како учител кажувал за Џузепе Мацини (задолжен од Ротшилд-ови за светските револуции во тој период), и Гарибалди, кој ја спровел револуцијата во Италија. Но поради немање на соспстена масонска ложа, Македонците учествувале во бугарски и српски ложи.

Основни цели на масонеријата по ослободувањето во 1945 е да се инфилтрира во МВР и во МНР на Југославија а исто така и на Македонија. Во овој период Македонските масони се дел најчесто од српската масонерија.

После смртта на Тито, пред и после осамостојувањето на Македонија, странската масонерија делува поединечно пред се во Министеството за Надворешни работи и кај директорите на фирмите и трговските претставништва во странство. Односно оние кои имаа чести комуникации во странство. Масоните од повисок ред од странските земји, со цел за ширење на масонството, лесно дојдоа до контакт со наши луѓе кај кои вешто ги искористија необузданото славољубие, врела страст и алчност, немилосрдните освети и пакосната омраза“. “Ќе ги подржувавме сите амбиции истакнувајќи ја власта како врховна цел на сите амбиции.“ Овој тип на луѓе лесно го прифатија основниот принцип на масонството -`сила лукавство и лицемерие` и станаа новата Македонска елита.

Формирање на јавно лице на масоните

Према некои информации самостојната Македонска масонска ложа е формирана на 15.10.1996 од 26 мајстори но тоа било недоволен број. Големата Масонска Ложа на Македонија официјално е формирана на 1.10.2005 и се приклучи на светската “Армија Евреи-Масонерија“. Треба да се напомене дека регистрираните членови се само јавниот дел на Масонеријата, повеќе како оддел за комуникација со јавноста.

Влијанието на масонеријата врз политиката може да се види и од фактот што неколку дена потоа Македонија доби статус членка-кандидат за ЕУ (како награда за успешната работа на тајната масонерија)

По доаѓањето на ВМРО - со Груевски на власт бројот на припадници во масонеријата драстично се наголеми зашто беше потребна нова елита, врз која ќе се потпира.

Целата статија погледнете ја овде:

No comments:

Post a Comment