July 10, 2011

Македонскиот Цар Душан

„Македонска Искра“ има интересен текст за Цар Душан, кој е крунисан во црквата Св. Димитрија, во Скопје.

Во Скопје, во 1349 год, Стефан Душан издава свој Законик, кој, за жал, во оригинал не е зачуван, меѓутоа зачувани се десетина преписи и од таму добиваме информации за оваа историска личност.

Душановиот законик започнува со зборовите "Законик на пречесниот и христољубивиот македонски цар Стефан,

Цар Душан

Цар Душан

владетел српски, бугарски, унгарско-влашки, далматиниски, арбанашки, и на многу други региони и земји". Вака гласат загрепскиот (Хрватска), раваничкиот (Србија), софискиот (Бугарија) препис на Душановиот законик. Душановиот законик со Стефан Душан како македонски цар ќе се најде и во книгата на Љ. Стојановиќ: (Lj. Stojanovic, Stari srpski zapisi i natpisi. Knj. III, Beograd 1905, p. 41 (nbr.4949).) Дури и познатата Едит Дурхам во своето дело "Висока Албанија", прво издание, отпечатено во далечната 1909 година зборува за Македонците, каде што го цитира Душановиот законик "Законик на Цар Душан Македонски, автократ на Србија, Бугарија, Унгарија, Влашка,..” (Edith Durham, "High Albania" First published in 1909, page 294. In London Edward Arnold Publishers to the India Office 1909).


Оваа статија е преземена од овде:

No comments:

Post a Comment