July 10, 2011

Македонското прашање и грчката надворешна политика

Интернет страната „Македонска Искра“ во Македонија прв пат го објавува текстот на Павлос Воскопулос. Оваа статија прв пат е објавена во 1997 година, во „Нова Зора“.
Дел од текстот:

Се разбира, цел е да се врежи грчката национална свест кај „туѓото“ население во Македонија, со паралелно „просветување“ за „нецивилизираните“ соседи, така што да се создаде чувство на супериорност.

Името Славомакедонец денес е продолжение на оваа политика. Терминот е измислен во Министерството за надворешни работи во деценијата од 30-тите години, потоа е усвоен од КПГ, која го направи познат од 1946-49 година.

За Гркот - националист Славомакедонец значи Словен во Македонија, т.е. лице без национален идентитет, или во најдобар случај славофон во Македонија, имено од „словенската припадност“ со грчка национална свест. Тој е и аргументот што се пласира на средбите на грчките функционери со претставниците од меѓународните организации, но и на помладите „македономахи“ кога се осврнуваат на „славофоните“ од Македонија.

Оние што планираат и поттикнуваат политика на такви аргументи не сфаќаат дека тоа го прават со задоцнување, најмалку, од 150 години, бидејќи постоењето на некоја нација е независно од нечии желби. Постоењето, пак, на македонска нација и на етнички Македонци во Грција, е една реалност и, поскоро или подоцна, со оваа идеја ќе се помири секој грчки граѓанин. Оваа реалност реалност не треба ниту да застрашува, ниту да провоцира.


Целата статија можете да ја прочитате овде:

„Македонска Искра“
:


No comments:

Post a Comment