Делото „Неолитски антропоморфни предмети во Република Македонија“ во авторство на Гоце Наумов и Никос Чаусидис е најновото издание на Магор, кое беше промовирано во петокот од страна на проф. д-р Александар Прокопиев во кафе – книжарницата Магор.
Оваа монографија обработува неколку категории археолошки наоди откриени на територијата на Република Македонија што потекнуваат од неолитскиот период (6500 - 4000 години пред нашата ера).
Пред сѐ, станува збор за керамички предмети обликувани во форма на човечкото тело или на одредени негови делови, не ретко комбинирани со некои други елементи од тогашното негово опкружување: антропоморфни фигурини, антропоморфни модели на куќи и антропоморфни садови. Во оваа публикација, акцентот не е ставен на самите наоди, туку на нивната научна интерпретација. Врз база на типолошките, компаративните, интердисциплинарните и семиотичките методи, во неа се прави обид за откривање на митско – религискиот карактер на овие артефакти, нивното место во социјалните сфери на неолитските заедници, како и на односот на тогашниот човек кон сопственото тело и светот во кој егзистирал.
Оваа мала монографија е резултат на истражувањата на проектот „Неолитски антропоморфни предмети во Република Македонија“, кој што се одвиваше во текот на 2010 година, подржан финансиски од Министерството за култура на Република Македонија. Иако било предвидено проектот да се реализира преку непосреден увид во сите наши музејски колекции во кои е инвентаризиран ваков археолошки материјал, сепак, поради намалувањето и доцнањето на финансиите, се финализирани само некои од зацртаните активности. Сеопфатното истражување и документирање на наодите е спроведено во Музејот на град Скопје, при што детално биле анализирани и документирани антропоморфните модели, садовите и фигурите од локалитетите „Церје“ – Говрлево и „Слатина“ – Зелениково, поради што тие заземаат ударно место во оваа публикација.
- Кога ќе добиете вака интересно дело секогаш чувствувате дека имате премногу интереси и љубопитност во неговото читање и повторно читање, имате малку часови кои вам ви се дадени да го прочитате. Јас иако имав само еден ден, сепак се потрудив колку што можев да се продлабочам во оваа заедничко дело на Горан Наумов и Никос Чаусидис од неколку основни причини: не сум арехеолог иако се занимавам со еден вид на археологија и тоа во една друга сфера, во сферата на литературата. Но, археологијата како и кај сите вас била нешто што од најраните денови ви раѓала возбуда и ја хранела вашата иднина.
Археологијата, како и сите денешни истражувачки, толкувачки и методолошки инволвирани дисциплини станува наука. Но, можеби затоа што во неа има нешто во другата сфера, која би ја нарекле некогаш и фантазерска, а некогаш и асоцијативна.
Археологијата во себе многу неосетно и спонтано впива многу други различни наши ставови кон светот. Можеме да ги наречеме филозофски, антрополошки, па и уметнички, затоа што приказните за археологијата во себе имаат толку пластови како кромидот кога го двоите една лушпа од друга. Значи го имате фактот, го имате наоѓалиштето, што е таму пронајдено и понатаму се обвиткува низ некои превракани судбини кои се мешаат пред сѐ со минатото, историјата и предисторијата и она што е најважно нешто што е впиено како неизбришива трага на сите тие предмети, кои што ние ги нарекуваме археолошки пронајдоци. Тоа е најверојатно душата на нашето постоење. Ние оставаме отисоци, таа наша душевна,курсуална, лична егзистенција и тогаш преку овие „вечни предмети“, „вечни артефакти“ се сообразуваме со нешто што е токму тоа, душевна историја на човештвото. Она што ова книга го носи е едно резиме на антропоморфните предмети во неолитот. Делото само по себе нуди една друга можност, тука е дадена мапата на наоѓалиштата – рече проф. д – р Александар Прокопиев.
Гоце Наумов,еден од авторите на книгата потенцираше дека иако располагале со скромна сума сепак успеале да дојдат до некакви сознанија благодарение на музеите кои им ислегле во пресрет. Тој изрази голема благодарност до Александар Митевски, кустос од Н. У. Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп и на Марија Василева, кустос од Н. У. Завод и Музеј Битола, што им овозможиле пристап во неолитските колекции и соодветната документација што се чува во нивните музеи. Благодарност упати и до Јован Шурбановски, тогашен директор на Музејот на град Скопје, до Љубо Фидановски, кустос во Музејот на град Скопје и до Александар Димовски и Виолета Цветановска, керамичари од Скопје.
- Без сите овие колеги, нивните сугестии, идеи и отвореноста за соработка, резултатите од нашиот проект и оваа монографија, ќе беа многу поскромни - рече Наумов.
Со оглед на ограничените финансиски средства проектот најтемелно е реализиран во рамките на неолитските наоди од Говрлево и Зелениково. Токму овие два локалитета ги врзуваат авторите со нивниот драг колега и пријател Милош Билбија кој од 1979 до 2010 работел како кустос во Музејот на град Скопје и бил раководител на ископувањата водени во двата локалитета.
- Археологијата е наука која го истражува минатото. Целта на археологот не е да открие 16 000 предмети, туку низ тие предмети да го открие минатото. Ние добивме 1600 евра од кои направивме книга од 100 страни. Ако добивме 2 милиони долари, веројатно ќе направевме 50 тома книги, ако го направевме тоа, денес не требаше да се грижиме за нашето минато, за промоцијата на нашата култура во странство, за нашето признавање и не признавање. Во Македонија сѐ уште постои себичноста во археологијата. Ние забораваме дека предметите што ги се наши, а не на оваа земја. Фактот што јас и Гоце го поделивме авторството значи намалување на себичноста. Творештвото бара не себичност, бара жртвување, бара споделување на авторството. Оваа книга ја посветивме на Милош Билбија. Милош Билбија не е некој симболички лик на кој ние сега му се заблагодаруваме. Тој е на некој начин наслов на оваа книга, затоа што многу негови идеи се внесени во оваа книга, неговата емоција и енергија со која слободно можам да кажам дека не воспитуваше нас е внесена тука, само што не може да се концепира. Јас Милош Билбија го запознав откако завршив студии. И првите археолошки испитувања како студент ги водев паралелно со него, јас бев помошник на една од најинтересните изложби направени за неолитот во Македонија, во далечната 85/86 година. На некој начин Милош Билбија е присутен како дух , како енергија, кој не инспирираше сето ова да го работиме. Сакам на овој начин да му се зблагодарам на Милош Билбија за сите форми на инспирација што ги внесе во нас и не натера на некој начин да ја завршиме оваа книга. На некој начин како држава сме опседнати од археологија што ми се чини е добро и секоја култура и нација мора да го преживее тој стадиум. Многу често се прашуваме или нас не прашуваат што вие би издвоиле од македонската археологија, некој ќе каже „Златните маски“ од Требениште, некој Стоби, Охрид... Мене кога некој би ме прашал, а мислам дека и ме прашал јас, секокаш ќе кажам и ги нарекувам тие предмети богињка, мајка и куќа, тоа се мали искршени предмети. Сѐ друго што имаме ние го има најчесто и во други земји, најчесто го има и поубаво. Единствено нешто по што сме ненадминати се тие предмети. Не само ненадминати, никој нема и приближно такво нешто. Тука ние не зборуваме за драгоцени камења, ниту за злата, ниту за некаква уметност, тоа се прости предмети. Она што е најважно е симболиката, во нив има еден агрегат на симболика толку силен, што ние не сме свесни за тоа. Ако некој го познава Јунг и читал некои од неговите дела ќе видите дека една од клучните негови особености ја наведува токму оваа метафора „човекот како куќа“, подрумот е потсвеста, приземјето е рациото, а горниот дел над- егото, алтер- егото. Кога Јунг би го имал овој предмет, а за жал не го знаел, тој апсолутно би го ставил на насловната страна на своето клучно дело, бидејќи е тотална формула на целата суштина на неговата наука. Ова го кажувам само да ви покажам колку археологијата може да биде инспиративна за другите науки. И, мислам дека во наредниот период треба да кажеме малку крај на оваа наша приземна- земна археологија и да почнеме да правиме книги не за нас археолозите, туку за другте науки, за да може други да не цитираат, социолози, психолози, уметници, економисти ако сакате. Тоа е мојата порака – рече професорот Никос Чаусидис.
Извор: Глобус

No comments:
Post a Comment