Јордан Поп Јорданов - Орцето (познат и само под прекарот Орце) бил македонски револуционер - анархист, член на илегалниот терористички кружок Гемиџии кој кон крајот на април 1903 година ги извршил познатите Солунски атентати врз објекти кои целосно или делумно биле во сопственост на западноевропските капиталистички земји и турските власти.
Роден е во Велес, како помлад брат на македонскиот револуционер Миле Поп Јорданов. Се школува во родниот град и Солунската бугарска машка гимназија. Како шестокласник го прекинува образованието и заминува во Софија од каде се префрлува во Солун.
Тој е еден од поистакнатите членови на Гемиџиите, а подоцна и негов водач. Претходно среќавајќи се со Слави Мерџанов во Цариград (1899), ја прифаќа неговата идеја за минирање на Отоманската банка во Солун и настојува да ја реализира.
Договорено е подземниот тунел до банката да се копа од изнајмениот дуќан берберница на Владимир Пингов. Тунелот ќе биде прокопан во одредениот рок, но акцијата ќе биде одложена.
На 29. април 1903 тој ќе го активира динамитот во прокопаниот тунел и ќе ја крене во воздух Отоманската банка. Потоа фрла бомби пред хотелот „Салоник.“
Загинува херојски на 30. април 1903 во куќата во која што живеел, фрлајќи ги последните бомби врз турските војници кои го држеле под опсада.*
Тој пред смртта на својата љубов и го напишал последното писмо:

„Сакана единствена Кате,
Кога ќе го читаш моево писмо, мене веќе нема да ме има - јас ќе бидам труп, или веќе фрлен во некоја дупка како претепано куче. Но, во ситуацијава, кога пред мојата смрт ми останува да живеам уште еден час или два, додека ја фрлам и последната бомба, и да го тргнам чкрапецот на мојот нагант, мислам на тебе, писмото нека ти докаже колку многу те сакам.
Од првиот пат кога те видов, те засакав. Ти ми беше единствена радост, но чувствував дека немам право да се врзувам со тебе. Јас не си припаѓам на себеси, а на делото, коешто беше цел и смисла на мојот живот - да работам и да умрам за слободата на мојот народ, на мојата ценета и сакана Македонија. Те сакав со сите пори на моето тело. Чувствував потреба да те гледам, да го слушам твојот глас, како звукот на цитрата. И сепак те одбегнував, зашто ме плашеа честите средби со тебе, ми ја ослабнуваа волјата, ми ја смекнуваа десницата, зашто ти ми беше единствената врска со животот, а не требаше ништо да ме врзува со него. Понекогаш бев груб, дури и суров со тебе - прости ми за грубоста и суровоста, зад нив ја криев својата безгранична љубов, а срцето ми крвавеше. Верувам ќе ми простиш. Ти си добра. А јас сега жалам што не бев подобар, повнимателен и понежен кон тебе.
Сигурно ќе прашаш: Неопходно ли е да умрам? За мене нема друг излез. Го поддржував пред моите другари ставот: Тој што не ги штеди животите на другите, нема право да го штеди ни сопствениот живот. Знаев дека нашата акција ќе им причини смрт на многу невини луѓе, ќе донесе многу солзи и страдања, зар по сето тоа што ќе го сториме, јас ќе имам право да живеам? Мислам ќе биде ниско и подло. Да умрам за мене е врховна повелба на мојата совест. И потоа мојата девиза беше не зборови, а дело, а крајот е тој што го краси делото. Има и едно последно сообразување - не сакам да му причинам задоволство на непријателот да се гаври со мене, да ми се подигрува. Зошто ми е живот лишен од слобода да тлее во некоја темна ќелија на Еди-куле, или да се стопи под жешкото сонце во Сахара? Не, претпочитувам да умрам! - Со мојата смрт ќе им го фрлам на моите непријатели, на поробувачите на мојата татковина, мојот безграничен презир. Како што живеев, така сакам и да умрам - скромно и чесно, докрај верен на себеси - сакав да бидам и да останам една целосна личност.
Треба да завршам. Времето не чека. Многу нешта навираат во мојата душа, но не ќе ги чуеш. И така е подобро, срцето ти претскажа што би сакал да ти пишам во овој последен час.
Ќе мине време, раната ќе ти зарасне. Животот е посилен од се`. Ти пожелувам, не, те молам, да си најдеш друг маж, достоен за твојата љубов, и нему дај му ги своето срце и својата љубов, дај му ги оние радости што ги чуваше и ги намени за мене. Ти пожелувам да бидеш среќна. Понекогаш, во вечерните часови, кога спомените довеани од вечерните сенки ќе навлезат во твојата душа, спомни си за мене. Ти благодарам за тоа.
Те прегрнува и те бакнува првиот и последен од гемиџиите, од самооткажаните.
Твојот Орце“
* Извор

No comments:
Post a Comment