ХЕРАКЛЕА ЛИНКЕСТИС кај Битола, градот на Филип II Македонски, претставува неодминлива привлечност и предизвик за македонската и светската археологија.
Во 2008/2009 година, археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис е избран како еден од значајните во групата на капитални проекти поддржани од Владата на Р.Македонија.
Археолошките ископувања се изведуваа од февруари со мали прекини до декември 2009 година, на повеќе истражувачки полиња, со површина од околу 2500 м2.
Многуте архитектонски остатоци, импозантниот број на движен материјал од 2300 инвентарирани предмети и бројниот депониран материјал се силна потврда за континуираниот живот на овој древен македонски град од IV век п.н.е до XI век н.е.
Дел од наодите може да ги погледнете овде.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment