March 29, 2012

Кокино, Куманово

Археолошкиот локалитет “Татиќев Камен” - Кокино се наоѓа во општината Старо Нагоричане, на околу 35 км.североисточно од Куманово, на надморска висина од 1013 м.

Археолошките истражувања започнаа во 2001 год., при што веднаш стана евидентно дека се работи за локалитет исклучително богат со археолошки материјал. Хронолошки, материјалот припаѓа на бронзеното време при што најстариот материјал е од неговата рана фаза (XIX – XVII век .п.н.е.).

Некои топографски карактеристики на локалитетот ја индицираат неговаата употреба како света планина на која биле изведувани повеќе планински религиозни обреди. Едниот имал вегетативен карактер и требал да обезбеди плодност и богат род, а вториот, кој имал соларен карактер, се однесува на т.н. свет брак помеѓу небеското божество – Сонцето и Големата Мајка, персонифицирана како планински врв.

Истражувањата од 2002 год., ја потврдија употребата на локалитетот како древна опсерваторија од која се набљудувани карактеристичните позиции на сонцето и месечината.


Дел од наодите може да ги погледнете овде.

No comments:

Post a Comment