Античка Македонија
825 г.п.н.е. - Под влијание на Каран обединети се племињата и основана е македонската држава која почнала да задава страв на соседите. Престолот го основал во градот Еге.
650 г.п.н.е. - Пердика I бил првиот македонски крал
359 г.п.н.е. - Филип II Македонски станал крал на Македонија
356 г.п.н.е. - Роден е Александар Македонски
338 г.п.н.е. - Битката кај Херонеја меѓу Македонија и грчките полиси
336 г.п.н.е. - Убиен е Филип II Македонски од атентат, што врз него го извршил еден од неговите телохранители - Павсаниј
336 г.п.н.е. - Александар III Македонски бил избран за крал на Македонија. Имал само 20 години
334 г.п.н.е. - Александар ги повел своите војски кон Азија. Маршот започнал од Амфаксит, собирно место на Македонците и трупите на државите од внатрешноста на грчкиот свет
334 г.п.н.е. - Битката кај реката Граник, Мала Азија
333 г.п.н.е. - Битката кај градот Ис, Мала Азија
332 г.п.н.е. - Навлегување на Александар Македонски во Египет. Доделена му била титулата Фараон на Египет
331 г.п.н.е. - Битката кај Гавгамела и уривање на на дотогаш најголемата империја - Персија
327 г.п.н.е. - Брак на Александар Македонски со Роксана, ќерката на персискиот крал Дариј III
327 г.п.н.е. - Битката кај реката Инд, Индија
324 г.п.н.е. - Во градот Суза склучени се 10.000 бракови на македонски војници и персијанки
323 г.п.н.е. - Александар III Македонски починал на 33 - годишна возраст во Вавилон
215 г.п.н.е. - Почеток на Првата македонска војна
200 г.п.н.е. - Почеток на Втората македонска војна
168 г.п.н.е. - Почеток на Третата македонска војна
148 г.п.н.е. - Македонија конечно била припоена кон римската држава и станала нејзина провинција
306 г. - Починал епископот Св. Ахил, по кого е именувано едно островче на Преспанското Езеро
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment