April 11, 2012

Потрага по гробот на Александар Македонски

Во последната недела од мај, кралот ги надгледувал последните подготовки од почетокот на неговата експедиција, која имала за цел, со флота од 100 кораби, да ја обиколи Арабија, и притоа да го покори населението од овој богат полуостров; Една вечер на осумнаесети дајсиј (втори јуни 323 г. ет. е.) била организирана голема прослава, банкет, во чест на адмиралот Неарх (Nearchus), кој се вратил во Вавилон, по цела една година помината во водите на Индискиот Океан. Подоцна таа вечер Александар и неговите најблиски соработници биле поканети на една друга забава во чест на генералот Медеја (Medius) од Лариса. На оваа прослава кралот одненадеж добил остри болки во градниот кош, притоа струполувајќи се од престолот, на самиот под. Највисоките офицери го однеле својот крал во тоалетот во кралските одаи, за да се замие. Откако се освежил легнал во кралската постела, до која имало прекрасен базен. Доцна во ноќта повторно се капел, им принел жртви на боговите и нешто поткаснал, но цела ноќ бил жежок.
На дваесети дајсиј откако принел вообичаена жртва, лежејќи во бањата гонаслушнал Неарх и неговото кажување за пловидбата и големото море.
Дваесет и првиот ден минал како и претходниот, но кралот бил уште пожежок,одвреме навреме, добивал силни продорни трескавични напади, главно во ноќните часови. Нападите станувале се посилни, и добивале молскавичен интензитет. Следниот ден му го преместиле леглото крај големиот рибник, каде разговарал со своите војсководци за тоа дека испразнетите заповеднички места треба да се исполнат со искусни луѓе.
На дваесет и четврти повторно имал силна треска но заповедал да го кренат, зада присуствува на жртвувањето. На највисоките војсководци им наложил даостанат во предворјето, а на другите заповедници, да ја минат ноќта надвор.
На дваесет и петти го префрлиле во дворецот на другиот брег, каде малку поспал, сепак треската не го оставила. Војсководците дошле кај него, но тој веќе не можел да зборува.
Истото се случило и утредента. Македонците (обичната војска) поверувале дека е мртов и откако се собрале пред портите на дворецот, зеле да викаат и да им се закануваат на хетајрите барајќи да го видат својот крал. Најпосле им ги отвориле портите, еден по еден во проста облека, минале крај постелата на болниот. Истиот ден Селев и Питон биле пратени во светилиштето во Саранис, каде прашале дали треба да го пренесат Александар таму, но богот им одговорил да го остават таму каде што е сега. На дваесет и осми дајсиј, некаде кон квечерина, Александар испуштил душа.
На 10. Јуни 323 година п. н. е. на речиси 33 годишна возраст од портите на земскиот живот, засекогаш си заминал најголемиот војсководец и владетел во историјата на човекот.

Потрага по гробот на Александар Македонски

No comments:

Post a Comment