Вардарски Рид е централниот простор во гевгелиско, на кој континуирано се живеело во текот на повеќе од 1000 години, од крајот на бронзеното време (XIII век пред Христа) до доаѓањето на Римјаните (II век пред Христа). Низ шест последователни населби, почнувајќи од мала праисториска населба на Ридот 1, во текот на III и II век пред Христа израснал старомакедонскиот град (античка Гортинија?), посведочен во историските извори како еден од центрите на Античка Македонија. По прекин на населбата повеќе од 1000 години, во полниот среден век (XI-XIII век по Христа), секторот некропола повторно се користел за погребување на населението од Вардарски Рид. Откриените наоди на шест од истражуваните сектори претставуваат остатоци од тој град (III-II век пред Христа), а во секторот “Некропола” се погребувања од најстарата - иницијална населба од крајот на бронзеното доба (XIII век пред Христа) и од најмладата средновековна населба.
Дел од наодите може да ги погледнете овде.
No comments:
Post a Comment