Во месноста Горен Козјак на 2.3 км. јужно од селото Долен Козјак и на 12 км. источно од градот Штип лоциран е еден од најмаркантните ранохристијански епископски центри во Р.Македонија, градот Баргала. Првите пообемни истражувања изведени се во периодот од 1966 до 1975 година, при што во најголем дел е откриен епископскиот комплекс на градот: Епископска базилика, Мала црква, Цистерна и неколку простории од станбен комплекс.
Градот-тврдина има неправилна правоаголна форма (должина 250 м и ширина 150 - 180 м), со површина во рамките на градските ѕидини од 4.68 хектари. Тврдината е одбранбено зајакната со бројни кули и монументален влез - Принципалис од северозапад.
Убикацијата на градот се темели на следните проучувања: во историските извори градот се споменува во списоците на Халкедонскиот црковен собир од 451 година во Синегдемусот на Хиерокле од 527 година. Со откривањето на натписна плоча со латински натпис датирана во 371/ 2 година во која се зборува за изградбата на градската порта, лоциран е потесниот простор на кој се наоѓа градот Баргала.
Во контекст на горенаведеното, во оваа прилика ќе нагласиме дека на локалитетот Баргала се истражени и заштитени следните пунктови кои ги исполнуваат сите услови за нивна презентација пред културната и научната јавност: ансамблот на Епископската базилика, Епископската резиденција, Северозападниот градски бедем со главната порта (Принципалис), североисточниот одбранбен ѕид со порта, Градската цистерна, дел од Станбениот комлекс, Градската базилика и раносредновековната црква Св.Ѓорѓи. Градот Баргала егзистирал од IV век до првата деценија на VII век.
Дел од наодите може да ги погледнете овде.
April 08, 2012
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment