Културниот комплекс „Св. Преображение” во селото Зрзе се наоѓа на 35 км северозападно од Прилеп.
Со систематските археолошки ископувања во 2008-2009 година беа откриени остатоци од старохристијански комплекс (трикорабна базилика со нартекс на западната страна, баптистериум со крстообразна писцина, гробишно плато непосредно до олтарната апсида со засводена гробница на северо-источниот агол, атриумски сегмент, гробници, гробови и др.).
Датиран во времето од IV-VI век, како и делови од средновековна монашка населба (четириесет и осум функционални целини, именувани како испосници, тихувалишта, работилници, комуникациски платоа и сл., како и делови од уште дваесеттина други објекти), хронолошки определена во времето од доцниот IX до крајот на XV век.
Дел од наодите може да ги погледнете овде.
April 09, 2012
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment