August 07, 2013

Почитувани читатели,

 На почетокот на овој месец август, 2013 година, на 110-годишнината од Илинденското востание и 69-годишнината од АСНОМ, имаме особена чест и задоволство да ви го претставиме тринаесеттиот број на електронското списание „Македонска Ризница".

 Во него, како и секогаш до сега, Ви нудиме најразновидни содржини од македонската историја, култура, фолклор, уметност и сè она што е интерес на нашата редакција како и на сите наши ценети соработници, а коешто корифејот на македонската мисла Мисирков така прекрасно го сосредоточи во зборовите „За Македонцките Работи".

 Нека оваа годишнина од првиот и вториот Илинден ни даде инспирација и не сплоти сите Македонци, во Републиката и ширум светот, еднаш и засекогаш на секој што е заинтересиран јасно и гласно да му порачаме „македонско име нема да загине".

 Од Редакцијата

No comments:

Post a Comment