March 31, 2012

Стибера, Прилеп

Стибера, село Чепигово, Прилеп, Антички Град

Античкиот град Стибера лежи на ридот Бедем, село Чепигово, на 16 км западно од Прилеп, над вливот на реката Блато во Црна Река (Erigon). Почетоците на формирање на градот се во македонско-хеленистичкиот период, односно времето на IV-III век пред н.е.

Својот процут Стибера го доживеала во II век н.е. кога е вршена најголемата обнова на објектите во неа и од кога потекнуваат најголемиот број на мермерни скулптури и епиграфски споменици.

Остатоците од архитектонска и портретна мермерна пластика и фрагменти од мермерни плочи со натписи, откриени во 2009 година се потврда за значајната улога на Стибера и нејзините граѓани во рамките на слободните градови во римските провинции. Урбаниот живот во него згаснал во втората половина на III век од н.е.


Дел од наодите може да ги погледнете овде.


No comments:

Post a Comment