April 02, 2012

Виничко Кале, Виница

Археолошкиот локалитет Виничко Кале - Виница се наоаѓа југозападно од градот, на една помала височина. За прв пат локалитетот е едвидентиран во 1952/53 год. од страна на М. Грбиќ при што е дојдено до заклучок дека се работи за доцноантички опидум.
Континуираниот живот на овој значаен локалитет во источна Македонија може да се следи од праисторијата па се до средниот век, односно од неолитот (3000-2800 год пр.н.е) па се до 11 – 13 век н.е.
Опидумот има неправилна форма и површина од близу 25000 м2. Интересот за истржувањата на локалитетот започна во 1977 год. или поточно кога беа донесени пет - шест фрагменти од сега веќе добро познатите теракотни икони во тогашниот Археолошки музеј во Скопје.
Од 1985 год. континуирано се изведуваат археолошки истражувања, кои започнаа на источната страна на Калето каде беше пронајдена и првата и најголема збирка на теракотни икони, исфрлена од некој сакрален објект како статичен шут.

До 2007 год. беа откриени и истражувани околу 3000 м2 со повеќе архитектонски содржини.

Со кампањата од 2008 год. продолжија истражувањата на источниот и западниот бедем како и централниот простор од утврдувањето, при што беше истражен простор од околу 2500 м2. За одбележување е секако западниот бедем во должина од 204 м, со сочувани висини на ѕидовите од околу 4 м, како и четири полукружни кули, една квадратната и една со облик на пентагон (пентагонална).

Во ова кампања откриени се мноштво движни археолошки предмети како и нови мотиви од познатите терактни икони. Теракотните икони беа претставени во над 20 европски метрополи при што станаа најекспонираното културно богатсво од нашата држава во последните 50 години.

Археолошкиот локалитет Виничко Кале уште еднаш го потврди својот висок статус на доцноантичко утврдување (4 - 6 век) како и идна дестинација на полето на културниот туризам на територијата на Република Македонија, па и пошироко.

Дел од наодите може да ги погледнете овде.

No comments:

Post a Comment