April 27, 2012

Оган под ѕвездите, Меморија



Не сум веќе оган под ѕвездите.
Не сум ѕвезда што сјае во ноќите.
Во овој час чувствувам
еден бел коњ умира
в градите некоја планина.

Мојот дом од името далеку е.
Пуштете ме да ја видам светлината.
Сонцата денес силно нека светат
и птиците да се вратат на југ.

Реф. х2
Не барајте вино, испиено е.
Единствено што можам е да излезам
со Вас на парадите.

Ноќва виното во крвта ми е,
црвено вино, црвени знамиња,
црвено вино, црвени знамиња,
пред очите на сигурно.

Не сум веќе оган под ѕвездите.
Не сум ѕвезда што сјае во ноќите.
Сонцата денес силно нека светат
и птиците да се вратат на југ

Реф. х2
Не барајте вино, испиено е.
Единствено што можам е да излезам
со Вас на парадите.

И птиците да се вратат на југ...

No comments:

Post a Comment